Connect with us

Скопје

Општина Ѓорче Петров исплати по 3.000 денари за секое прваче

Општина Ѓорче Петров ја реализираше исплатата на финансиската поддршка за првачињата, при што на семејствата им се исплатени вкупно 1.369.000 денари, односно по 3.000 денари за секој ученик запишан во прво одделение.

Од Општината информираат дека мерката е воведена за првпат годинава со цел да им помогне на семејствата при почетокот на образованието на нивните деца и да обезбеди дополнителна поддршка за домашниот буџет.

Според Општината, поддршката за најмладите ученици ќе продолжи и во текот на следната година преку финансиска помош, обезбедување бесплатно училиштно ранче и училиштен прибор, како и бесплатен оброк за сите првачиња.

Од локалната самоуправа посочуваат дека мерката е дел од пошироките активности насочени кон подобрување на условите за образование и поддршка на семејствата во општината.

Ad
Ad