Регион
Вооружен инцидент во техничко училиште во Крагуевац, повредени две лица
Во техничко училиште во Крагуевац утрово е приведен 17-годишен ученик откако во ходникот на училиштето пукал од малокалибарска пушка, при што повредил две лица, соопшти српската полиција.
Во соопштението се наведува дека едно лице е повредени најверојатно од огнено оружје, а друго од стакло. Во инцидентот не е повреден ниту еден ученик.
Српскиот министер за образование Дејан Вук Станковиќ наведе дека сочувствува со повредените и оти е формиран кризен штаб.
ноември 25, 2026


