Хроника
Во Матејче пронајдено товарно возило без регистарски ознаки натоварено со огревни дрва
Товарно возило, без регистарски ознаки натоварено со огревни дрва било пријавено во полициската станица Матејче, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера околу 11:50 часот во полициското одделение Матејче било пријавено дека во село Матејче било забележано товарно моторно возило без регистарски ознаки кое било натоварено со огревно дрво. По извршените проверки било пронајдено возилото со огревните дрва, кои биле без печат, додека возачот го напуштил местото и го оставил возилото.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.
ноември 23, 2026

