Connect with us

Општини

Во Кавадарци одбележан светскиот ден на дијабетесот

 Во Кавадарци беше одбележан светскиот ден на дијабетесот, со мерење шеќер во крвта на градскиот плоштад.  

Претседателката на Здружение на дијабетичари „Слатка насмевка“ од Кавадарци, Соња Ристовска, појасни дека ,,Рано делување против дијабетесот”, е годинешното мото на Меѓународната федерација за дијабетес – IDF, под кое се одбележува Светскиот ден на дијабетесот ширум светот.

– Но, за мене, како некој што со години се залага за правата, подобриот третман и поквалитетниот живот на лицата и децата со дијабетес тип 1, оваа порака има и едно многу пошироко значење. Раното делување против дијабетесот за мене значи секое дете со дијабетес тип 1 да има можност за безбедно детство, образование, спорт и безгрижен живот, преку пристап до редовна терапија и пристап до сензор и пумпа. Раното делување против дијабетесот треба да значи дека оние кои наполниле 25 години, возрасните не треба да бидат оставени на маргините на здравствениот систем и да им биде ограничен пристапот до современи технологии само поради возраста – истакна таа. 

Притоа нагласи дека раното делување против дијабетесот треба да значи сензорите за континуирано следење на гликемијата, инсулинските пумпи и современите терапии да не бидат привилегија за малкумина, туку достапни на сите оние на кои им се потребни.

-Раното делување против дијабетесот треба да значи еднакви можности и системска поддршка, конкретни политики и реални промени – рече таа.

Ad
Ad