Хроника
Скопјанец лишен од слобода, во возило му пронашле дрога
На 11.11.2026 во 02:25 часот на ул.„Таки Даскалот“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.М.(49) од Скопје.
При преземање службени дејствија, извршен е преглед на патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што биле биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, таблети, марихуана и вага.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ноември 11, 2026


