Connect with us

Хроника

Приведен струмичанец во Неготино, возел украдено возило од Гевгелија

Приведен бил струмичанец во Неготино, возел украдено возило од Гевгелија, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

– Вчера во 14:20 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР  Неготино, го лишиле од слобода А.Х.(31) од Струмица. При контрола на патничко возило „голф“ со гевгелиски регистарски ознаки што тој го управувал, било констатирано дека истото на 23.09.2025 било пријавено за одземено на подрачје на ОВР Гевгелија. Тој бил приведен во полициска станица, возилото било одземено и вратено на сопственикот. По документирање на настанот, против А.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. 

Вчера во 14:55 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со Ѓ.П.(75) од овој град, постапувајќи по претходна пријава од 31-годишна жена од Кавадарци,  дека на улица „Црноречка“ во градот, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од машко лице. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против Ѓ.П. ќе била поднесена соодветна пријава.