Свет
Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази уверување дека Марко Рубио ќе остане на позицијата државен секретар.
Запрашан за иднината на Рубио во неговата администрација за време на интервју за емисијата „60 минути“ на Си-би-ес, Трамп рече дека очекува поранешниот сенатор од Флорида да ја задржи функцијата.
„Мислам дека ќе остане“, рече Трамп без да образложи
Во интервју за „Њујорк тајмс“ минатата недела, американскиот државен секретар Марко Рубио ги негираше извештаите дека размислува да ја напушти владата на Доналд Трамп по поразот на републиканците на среднорочните избори.
„Од секогаш имав намера да работам за претседателот Доналд Трамп до крајот на неговиот мандат, изјави Рубио за весникот „Њујорк тајмс“.
Рубио го сметаат за потенцијален избор на републиканците за претседателските избори во 2028 година.
Само неколку дена пред меѓуизборите на 3 ноември, тој се појави заедно со Доналд Трамп, кратко зборувајќи на еден од митинзите.
Но, во интервју за „Њујорк тајмс“, Рубио не одговори на прашања за неговата политичка иднина, наведувајќи дека „веќе нема да зборува за 2028 година“.
На прашањето за написите за неговото наводно заминување од владата, тој одговори дека „искрено, не знае од каде доаѓаат тие информации“.
„Блумберг“ пренесе дека Марко Рубио размислува да ја напушти владата, но сè уште не ја донел конечната одлука.
ноември 9, 2026


