Connect with us

Кошарка

„Дабл-дабл“ на Јокиќ во победата на Денвер, осми триумф во низа за Сан Антонио

Кошаркарите на Денвер ја постигнаа петтата победа во сезоната откако синоќа ја совладаа Индијана на нејзин терен со 114:102. Гостите предводени од Никола Јокиќ во втората четвртина имаа предност од +27 поени, а на полувреме беше 64:41 што беше доволно за нова победа. Српскиот репрезентативец дуелот го заврши со „дабл-дабл“ ефект: 19 поени, 13 скокови и 8 асистенции.

Серијата победи ја продолжи Сан Антонио со триумфот на гости против Портланд 125:103. Ова беше осми триумф, по двата стартни порази во сезоната и сега се на врвот на Запад со скор 8-2 (победи-порази) заедно со Оклахома Сити и Лос Анџелес Лејкерс. На Исток истиот ефект го има Филаделфија.

Резултати на ноќешните натпревари: Феникс – Хјустон 102:99, Голден Стејт – Орландо 126:119, Кливленд – Њујорк 97:109, Оклахома Сити – Вашингтон 114:75 и Атланта – Бруклин 124:121.

Ad
Ad