Connect with us

Економија

Славески најави олеснувања за клиентите до пристапот на нивните средства во „Алта банка“, повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „Алта банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги – изјави на попладневната прес-конференција гувернерот на Народна банка Трајко Славески. 

Славески најави три нови олеснувања што се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и располагање со приливите од плати, пензии и социјални трансфери. 

Тој информира дека за утре, 7 ноември, Народна банка на Република Македонија за да им излезе во пресрет на оние граѓани од околните градови во Битола, а тоа се Прилеп, Ресен и Охрид, ќе организира автобуски превоз до филијалата на „Алта банка“ АД Битола, со цел и тие да можат да си ги подигнат своите пензии и социјална помош. 

– Од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени шалтери и во Тетово и Струмица, на кои граѓаните што немаат платежна картичка ќе можат да подигнат до 20.000 денари. На овој начин, клиентите од овие градови и околните населени места ќе можат да ги подигнат средствата без да патуваат до Битола – рече Славески. 

Дополнително, додаде гувернерот, од следната недела неделниот лимит за подигање готовина и плаќање на продажни места со платежни картички на банката се зголемува од 10 на 15.000 денари. 

– Третото олеснување се однесува на сите идни нови приливи од плати, пензии и социјални трансфери коишто доаѓат од овие институции или фирми кои имаат сметки во други банки. Тие граѓани ќе можат да ги повлечат во целост, без ограничување на износот – информира Славески на прес-конференција

Ad
Ad