Connect with us

Свет

Уште десет години затвор за Џошуа Вонг

Продемократскиот активист Џошуа Вонг, една од најпознатите личности на опозициското движење во Хонг Конг, е осуден на дополнителни десет години затвор поради дослух со странски сили.

Вонг кој минатиот месец наполни 30 години, веќе помина речиси шест години во затвор поради учество во продемократските протести и обвинение за „субверзија“ според Законот за национална безбедност наметнат од Пекинг.

Властите во Хонг Конг повторно го обвинија Вонг во јуни минатата година, тврдејќи дека барал од странски земји и субјекти да воведат санкции против Хонг Конг и Кина. Тој во септември ја призна вината.

Вонг се истакна за време на протестите во 2014 година, познати како „Движење на чадорите“, а во 2019 година беше дел од делегацијата што лобираше во САД за усвојување закон со кој се овозможува воведување санкции поради кршење на човековите права во Хонг Конг.

Во 2020 година Пекинг воведе сеопфатен закон за национална безбедност, што доведе до распуштање на опозициските групи и заминување на активисти од градот.

Организациите за човекови права ја осудија новата пресуда, оценувајќи дека обвинението е обид на властите дополнително да го задржат Вонг во затвор. Тој е единствениот од групата активисти осудени за „субверзија“ кој двапати бил обвинет според Законот за национална безбедност. 

Ad
Ad