Вести
Николоски: Од 1 мај ќе сообраќа авиолинијата Тиват – Скопје
Од 1 мај ќе сообраќа авионската линија од Тиват до Скопје, која во почетокот ќе лета двапати неделно.
Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, ова ќе придонесе не само за зголемување на бројот на патници туку и за раст на туризмот и економијата.
– Она што пред 20 дена го разговаравме при нашата посета на Црна Гора се реализира. Оваа авиолинија се надевам дека сериозно ќе придонесе во зголемување на бројот на патници, но и зголемување на туризмот и на бизнисот. Се надевам дека оваа авиолинија ќе ја користат многу луѓе – рече Николоски на денешната заедничка прес-конференција со вицепремиерот на Црна Гора, Филип Ивановиќ.
На средбата двајцата вицепремиери разговарале и за развој на економската соработка и договориле в година да се одржи голем бизнис-форум на компании од двете држави.
октомври 30, 2026


