Политика
Стојаноски: Редовната работа заслужува редовен статус, предлог-законот е пред пратениците
Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос денеска е доставен до пратениците и со ова почна процедурата за неговото усвојување, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Зад нас е сериозна работа на подготовка на законското решение.
Пред нас е уште поважна задача — низ собраниската постапка да обезбедиме правно издржано, правично и применливо решение за илјадници наши сограѓани.
Законот обезбедува:
1. Стабилно вработување наместо постојана неизвесност!
Можност за трансформација на договорните ангажмани во редовен работен однос на неопределено време за лицата опфатени со законот.
2. Поголема сигурност и целосни работнички права!
Редовно вработување со правата што произлегуваат од него — платен одмор, социјална и пензиска заштита и поголема сигурност за иднината.
3. Јасни рокови, наместо бескрајно чекање!
Институциите ќе имаат законска обврска во рок од 90 дена да ги склучат договорите, односно да ги донесат решенијата за вработување.
4. Заштита додека трае трансформацијата!
Заштита од раскинување на постојните договори додека се чека стапувањето во сила на решенијата, освен во законски предвидените случаи.
5. Конкретен краен рок за реализација!
Фазна трансформација, со предвидено стапување во сила на решенијата за преостанатите опфатени лица најдоцна до 31 декември 2027 година.
6. Повеќе ред во идните ангажирања!
Од 1 јануари 2028 година се предвидуваат ограничувања на договорните ангажмани, финансиска контрола и одговорност за непочитување на правилата.
Нашата цел е јасна: редовната работа да добие редовен работно-правен статус, а трудот на луѓето да биде вреднуван како што заслужува.
Затоа очекуваме сериозен и конструктивен пристап од сите колеги пратеници.
Ова е можност да покажеме дека Собранието може да биде место каде што долгогодишните проблеми добиваат конкретни решенија.
Ова е преземена обврска што треба да ја исполниме.
Продолжуваме посветено, одговорно и со јасна цел!
октомври 28, 2026


