Connect with us

Забава

Хитлер Мусолини Симеон Флорес избран за градоначалник на перуанскиот град Кероплаче

Хитлер Мусолини Симеон Флорес е новиот градоначалник на перуанскиот град Керопалче.

Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион, Флорес освои 34 проценти од гласовите. Како што објавија перуанските медиуми, разликата помеѓу тројцата кандидати била само 42 гласа.

Не е првпат политичар со име Хитлер да учествува на изборите во Перу. На локалните избори во 2018 година Хитлер Гесклин Алба Санчез го победи Ленин Владимир Родригез Валверде.

Санчез во текот на кампањата изјавуваше „Јас сум добриот Хитлер“.

И во Намибија има градоначалник Адолф Хитлер Унона. Тој на минатогодишните локални избори петти пат беше избран за градоначалник.

– Како дете, тоа име ми се чинеше сосема нормално, изјави Унона.

Ad
Ad