Тенис
Ѓоковиќ елиминиран од Мастерсот во Шангај од полскиот тенисер Хуркач
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на мастерс турнирот во Шангај откако во мечот од 2. коло загуби од полскиот тенисер Хуберт Хуркач со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3) за 87 минути игра. Ова беше прва победа за Хуркач во меѓусебните мечеви со Ѓоковиќ, кој има скор 8-1.
Ѓоковиќ пред неколку дена успеа да триумфира на турнирот во Пекинг и кусиот период за одмор меѓу двата турнира придонесе за послабото издание на српскиот тенисер на турнирот во Шангај. Во првиот сет Хуркач направи брејк во 10-тиот гем и со тоа го освои сетот, додека во вториот сет брејкот го направи во четвртиот гем за водство од 3:1 што се покажа како клучно.
Хуркач во следното коло ќе игра со победникот од мечот меѓу Мусети Лоренцо Мусети (Италија) и Ји Жу (Кина). Ѓоковиќ следниот настап ќе го има на турнирот во Ријад од 21 до 24. октомври.
октомври 10, 2026


