Connect with us

Регион

Во градови во Хрватска се спроведува акција за апсење осомничени лица поврзани со нелегално одлагање отпад

Во неколку хрватски градови, во тек е апсење луѓе осомничени за поврзаност со нелегално складирање опасен отпад во областа на Госпиќ и други градови во Лика.

Акцијата на членовите на Канцеларијата за борба против корупцијата и организираниот криминал (Ускок) се спроведува во областа на Чаковец, Сењ, Загреб и Карловац.
Се приведуваат луѓе за кои постои сомневање дека сториле тешки кривични дела против животната средина како дел од злосторничко здружение.

Медиумите известуваат дека Ускок ја проширил истрагата поврзана со складирање отпад во Госпиќ, Бенковац и Сењ, што се води против компанијата Типос Ресурс на брачниот пар Јосип и Моника Шинчек.

Ad
Ad