Општини
Ученици од угостителското училиште од Охрид освоија златен и два бронзени медали на меѓународниот натпревар ГАТУС 2026
Со еден златен и два бронзени медали се закитија учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ од Охрид на 14. Меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта – ГАТУС 2026, што од 26 до 29 септември се одржа во Приједор, Босна и Херцеговина.
Златниот медал во категоријата „туристички аранжман“ го освоија Андреа Билбилоска, Марија Башеска и Вероника Петроска, под менторство на Катерина Тодороска.
Бронзени медали освоија учениците во дисциплината „готварство“ и тоа Габриела Ѓореска, Викторија Илијоска и Никола Краљевски со ментор Војо Ангеловски, како и во дисциплината „угостителско послужување и бармен“ – Христијан Јованоски, Кристијана Вељаноска и Леонид Велески, под менторство на Марјан Радески.
На натпреварот учествуваа десет училишта од поранешните југословенски републики.
Домаќин на следниот натпревар ГАТУС 2027 ќе биде градот Радовљица во Словенија.
октомври 1, 2026
