Живот
Куче загина обидувајќи се да го заштити сопственикот по напад од мечка
Во руралниот дел на Северна Калифорнија, француски булдог умре при обид да го заштити својот сопственик од канџите на мечка.
„Нападот се случил во раните утрински часови откако Џеф Вилсон го извел Каси надвор, но при враќањето бил нападнат од мечка, при што се здобил со повеќе повреди, меѓу кои и две скршени ребра. Мечката и припаѓала на видот американска црна мечка“, пренесе „Гардијан“.
Сведок на грозоморниот чин била неговата сопруга Малори која го затекнала миленичето во устата на мечката, додека нејзиниот сопруг лежел повреден. Во обид да се спасат, била соборена на земја, ја каснала на задниот дел од главата, нанесувајќи ѝ повреди на вратот, по што побегнала.
„Каси беше сакан член од семејството кое храбро го одбрани својот газда од канџите на мечката. Според нас, нашите пријатели со сигурност имаат преземено мерки да се одбранат, но за жал Малори, по два дена борба за живот им подлегна на повредите“, се наведува во апелот за финансиска помош започнат од нивните пријатели.
Нападот се случил во период кога е забележан зголемен број конфликти меѓу луѓето и мечките во САД.
септември 29, 2026
