Connect with us

Свет

Франција ја засилува безбедноста во училиштата поради блокадите и протестите

Француското Министерство за внатрешни работи и Министерството за национално образование најавија засилени безбедносни мерки во училиштата откако образовните институции беа блокирани од средношколците.

Одлуката е донесена откако средношколците во регионот на градот Париз од почетокот на минатата недела организираа десетина блокади на училиштата во знак на протест поради преоптовареност на распоредот на часови. Најголем број протести се одржаа во париските предградија Сен Дени и Вал де Марн.

Иако изразувањето на средношколците мора да се почитува, насилните акти не можат да се толерираат. Затоа, безбедносните сили ќе се фокусираат на апсење на сторителите на прекршоци и одржување на јавниот ред со пропорционална употреба на сила, се наведува во заедничкото соопштение на двете министерства.

Исто така се наведува дека полицијата ќе интервенира во случај на „целосна блокада“, но интервенцијата ќе биде спроведена по консултации со директорот на училиштето.

Блокадата на средношколците на 25 септември се прошири и низ предградијата на Париз. Полицијата соопшти дека привела 31 лице, но не наведе детали.

Дел од протестите беа придружени со акти на вандализам или со огномети. Во соопштението на министерствата се посочува дека е неприфатливо насилство врз вработените во националното образование и службениците за спроведување на законот“, како и штети предизвикани од предизвикување пожари

Францускиот министер за национално образование Едуар Жефри во петокот изјави учениците се манипулирани од пратениците на Непобедлива Франција (ЛФИ). Според него, ЛФИ ги охрабрува младите луѓе да ги блокираат средните училишта