Connect with us

Општини

Водата во струшко Ташмаруништа забранета за пиење, во Струга со одличен квалитет

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Струга информира дека водата во селото Ташмаруништа не е за пиење, додека квалитетот на водата во Струга и селата Радолишта и Мислешево е одличен.

– Ги замолуваме сите жители на селото Ташмаруништа да не ја користат водата за пиење до следното известување, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ Струга. 

Анализите на примероците од водата од Општа Болница, бензинска Макпетрол, Градинка Сонце, Завод за нефрологија, селата Радолишта и Мислешево, според претпријатието, покажале дека водата за пиење е со одличен квалитет, безбедна и ги исполнува сите пропишани стандарди за употреба.

–  Квалитетот на водата континуирано се следи согласно важечките стандарди и препораките на надлежните институции, со цел да се обезбеди сигурно и квалитетно водоснабдување за сите граѓани, посочува претпријатието.