Свет
Маѓар: Операцијата „Генерално чистење“ не може да се запре
Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска изјави дека операцијата „Генерално чистење“, чија цел е отстранување на корумпираните и политички компромитираните службеници од државните функции, не може да се запре.
– Остатоците од пропаднатата мафија денес ќе направат сè што е во нивна моќ: ќе има одвлекување на вниманието, обвинувања за тиранија, пропагандни интервјуа, замена на тези, опструкции, лаги и очајнички обиди за отпор. Но имам добри вести за унгарскиот народ: операцијата „Генерално чистење“ не може да се запре – изјави Маѓар.
Операцијата „Генерално чистење“ има за цел отстранување на корумпираните и политички компромитираните службеници од државните функции.
септември 28, 2026
