Connect with us

Свет

Администрацијата на Трамп ќе ги намали ги регулативите за контрола на загадувањето од автомобилите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе објави нови стандарди за потрошувачка на гориво, со кои ќе се намалат регулаторните барања за производителите на автомобили за контрола на загадувањето од возилата и лесните камиони на бензин.

Трамп пред два дена на „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека помалку строгите барања за потрошувачката на гориво би им заштедиле на семејствата „илјадници долари при купување на нов, убав, безбеден автомобил“, а истовремено ќе се поттикне и производството на автомобили во САД.

Економичноста на потрошувачка на гориво се одредува со колкава километража може да се помине со еден галон (3,8 литри) бензин.

Со новите стандарди ќе се реализира ветувањето на Трамп за укинување на политиките, со кои се поттикнуваше производството на електричните возила.

Трамп во втор мандат ги намали регулативите за емисиите на штетни гасови од автомобили, ги укина казните за производителите што не ги исполнуваат федералните стандарди за потрошувачката на гориво и ги елиминираше даночните олеснувања од 7.500 долари за купување на електрични возила.

Администрацијата и производителите на автомобили соопштија дека новите правила ќе им овозможат на Американците подобар пристап до целиот спектар на возила на бензин.