Connect with us

Свет

Лавров: Европа ја поттикнува војната во Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации ги обвини европските држави дека ја поттикнуваат војната во Украина и прават сè што можат за да ја спречат можноста за мировни преговори.

– Со оглед на тоа што Европа ја разбира бесмисленоста на своите напори, таа прави сè што може за да спречи мирно решение и да ја попречи можноста за преговори, за кои се заинтересирани многу страни, вклучително и владата на американскиот претседател Доналд Трамп, наведе Лавров.

Тој посочи дека Западот ја снабдува Украина со оружје и му помага на Киев „да ги таргетира цивилите и цивилната инфраструктура со беспилотни летала и ракети“.

Лавров најави и продолжување на војната во Украина.

– Нашата борба за вистина и правда ќе продолжат до крај … Воените цели ќе бидат постигнати … Заканата по руската безбедност ќе биде отстранета и ќе биде обновен мирниот живот, истакна Лавров во ОН.

Тој наведе дека Западот се обидува да им ги наметне своите правила на сите.

Западот сè повеќе прибегнува кон чиста сила, дејствувајќи непредвидливо и неодговорно, загрозувајќи ги животите и благосостојбата на милиони, ако не и милијарди жители на оваа планета што ја делиме, посочи Лавров.