Connect with us

Скопје

Повик за упис и ажурирање на податоците во бизнис регистарот на Општина Кисела Вода

Во насока на подобрување на деловната клима и ажурирање на бизнис регистарот, Општина Кисела Вода ги повикува сите правни и физички лица кои вршат угостителска дејност на оваа територија, а сè уште немаат доставено податоци, да го сторат тоа во најкраток можен рок. 

Како што соопштуваат од Општина Кисела Вода, целта е целосно евидентирање и олеснување на работењето на угостителскиот сектор во општината. 

– За упис во бизнис регистарот, покрај Барањето, правните лица треба да приложат пријава до Државниот пазарен инспекторат за минимално-технички услови, доказ за сопственост или право на користење, за сместувачки капацитети, апартмани, соби или селски домаќинства и доказ за платена административна такса од 50 денари – стои во соопштението.

За физичките лица кои вршат угостителска дејност, додаваат, потребни се доказ за сопственост и административна такса од 50 денари. Сите потребни документи и обрасци се достапни на официјалната веб-страница на Општина Кисела Вода. 

– Дополнително, објектите за сместување подлежат на законска категоризација која ја врши општината, односно градоначалникот на Град Скопје, а субјектите имаат и обврска да поднесат пријава за утврдување на часот на отпочнување и распоредот на работното време. Целокупната документација се доставува во Архивата на Општина Кисела Вода со назнака „За упис во регистар“, додека за сите дополнителни информации и поддршка, заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број 072/314-945 – додаваат од Општина Кисела Вода.