Фудбал
Мурињо донесе фотографии од спорни судиски одлуки на прес-конференцијата по поразот на Реал од Атлетико
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, вечерва на прес-конференцијата по поразот од Атлетико донесе фотографии на кои се прикажани моменти од натпреварот во кои противничките играчи не добиле црвени картони иако според него требало.
Натпреварот од 7. коло на Ла лига заврши со пораз на Реал Мадрид од 1:2. На почетокот на второто полувреме, Реал остана со играч помалку откако Дин Хејсен доби директен црвен картон.
– Можевме и да ја прескокнеме прес-конференцијата, бидејќи целата приказна е токму овде. Станува збор за два црвени картони. На овој судија му недостасува искуство за водење дерби. Тој нема искуство од меѓународни натпревари, а сепак беше делегиран за дербито. Ѝ честитам на судиската комисија – одлична работа, изјави тренерот на прес-конференцијата.
Натпреварот го судеше шпанскиот судија Мигел Ортиз.
Реал Мадрид моментално се наоѓа на четвртото место на табелата во шпанското првенство со 15 освоени бода.
септември 21, 2026
