Connect with us

Останати спортови

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија

Македонскиот кајак спуст забележа голем успех на вчерашниот натпревар во Европскиот куп кој се одржа на реката Молл во Обервилах, Австрија. Македонскиот репрезентативец, 17-годишниот Благој Гугинов во јуниорска конкуренција го освои првото место триумфирајќи во силна конкуренција од 25 натпреварувачи од девет европски земји.

Како што потенцира неговиот тренер и клупски колега од клубот Арка-Борец од Велес, Љубомир Спасиќ, со овој резултатот Гугинов уште еднаш го потврди својот квалитет и потенцијал, продолжувајќи го успешниот настап на меѓународната сцена.

Инаку во сениорска конкуренција, Љубомир Спасиќ го освои 17. место од вкупно 33 натпреварувачи.

Спасиќ потенцира дека вчерашните резултати се уште една потврда за континуираниот развој и квалитет на македонскиот кајак спуст.