Останати спортови
Британците најуспешни на пет дена до завршувањето на Европско првенство во водени спортови
Натпреварувачите од Велика Британија се наоѓаат на врвот на листата медалисти на Европското првенство во водени спортови кое се одржува во Париз.
Британците имаат осум злата, едно повеќе од Италија и Германија. Италија има најмногу медали.
Пласман на првите пет:
1. Велика Британија 8-2-5 злато-сребро-бронза (вкупно 15)
2. Италија – 7-8-9 (24)
3. Германија – 7-5-7 (19)
4. Русија – 6-4-5 (15)
5. Украина – 2-1-3 (6).
Денес ќе бидат доделени медали во шест дисциплини:
200 м грбно жени
50 м пеперутка мажи
100 м слободен стил жени
100 м градно мажи
800 м слободен стил жени
4×100 м мешана штафета.
Европското првенство во француската престолнина се одржува од 31 јули до 16 август.
август 12, 2026
