Connect with us

Останати спортови

Злато и сребро за Холандија во фрлање ѓуле кај жените на ЕП во атлетика

Џесика Шидлер и Жордине ван Кинкел од Холандија освоија злато и сребро во фрлање ѓуле на Европското првенство во атлетика што се одржува во Бирмингем. Ова беше првата дисциплина на која беа поделени медалите. Европската шампионка Шидлер беше единствената која имаше фрлање над 20 метри, а во последната серија постигна резултат од 20.73 метри.

Нејзината сонародничка ван Кинкел во првата серија имаше фрлање со должина од 19.64 метри, додека бронзениот медал и припадна на Германката Јемиси Марби која имаше резултат од 19.50 метри.

Вечерва од првиот ден на програмата сè уште три финални дисциплини, фрлање ѓуле и 3.000 метри кај мажите како и мешаната штафета 4×400 метри.