Connect with us

Свет

Доскорешната украинска амбасадорка во Вашингтон, Олга Стефанишина, осомничена за прикривање имот

Доскорешната амбасадорка на Украина во Вашингтон, Олга Стефанишина, која неодамна беше отстранета од позицијата, е осомничена за нелегално богатење и непријавување имот, објавија денеска украинските власти.

Обвинителите тврдат дека Стефанишина, која беше потпретседател на украинската Влада пред да биде назначена за амбасадорка, се обидела да скрие два стана и друг имот со вкупна вредност од околу 310.000 долари, што не можела да го стекне само од нејзината официјална плата, објавуваат британските медиуми.

Стефанишина беше амбасадорка од почетокот на 2024 година до средината на 2025 година, а формално беше заменета во текот на оваа недела.

Во објава на Фејсбук во вторникот, таа негираше дека сторила нешто нелегално и рече дека нема што да крие.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, претходно неделава ја разреши Стефанишина од нејзината функција откако таа поднесе оставка.