Кошарка
Хезоња пред враќање во НБА лига – ќе има нов клуб
По шест години во Европа хрватскиот кошаркарски репрезентативец Марио Хезоња е пред трансфер во НБА лигата. Поранешниот шампион Кливленд, покажал интерес за ангажман на Хезоња.
Хрватот во моментов е член на Реал Мадрид и има долгогодишен договор, при што ја има активирано клаузулата за непречено заминување од клубот. Преминот на Хезоња зависи и од одлуката на Леброн Џејмс бидејќи од неговиот трансфер зависат премини на неколку играчи во НБА клубови.
Дека сериозно размислува за трансфер во НБА лигата потврдува и фактот дека Хезоња веќе одбил три понуди од европски екипи, финансиски подобри од евентуална од НБА лигата.
Хрватскиот репрезентативец последните четири сезони настапуваше за Реал Мадрид, а пред тоа за УНИКС Казањ и Панатинаикос. Во 2015 година беше избран на драфтот од Орландо како пик број 5. Во НБА лигата претходно настапуваше за Орландо, Њујорк и Портланд и одигра вкупно 330 натпревари.
јули 25, 2026
