Connect with us

Кошарка

Маслинко останува во МЗТ Скопје

 Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко и во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако ја продолжи соработката со македонскиот шампион за уште една година.

За 29-годишниот крилен центар ова ќе биде седма сезона во тимот од Аеродром, каде што првпат пристигна во 2017 година. Во сино-белиот дрес досега освои три шампионски титули (2019, 2025 и 2026), како и три трофеи во Купот на Македонија (2018, 2025 и 2026), додека во својата кариера има вкупно четири куп-пехари.

– Очекувањата се Маслинко максимално подготвен да ја дочека новата сезона, без било какви здравствени проблеми и да биде еден од лидерите на тимот во битката за одбрана на домашните трофеи, како и за што подобар настап во ФИБА Еврокупот и АБА2 лигата, информираат од МЗТ Скопје.

Претходно соработката со клубот од Аеродром ја продолжија Дамјан и Војдан Стојановски, додека клубот ги ангажира Лука Стојановски и Никола Василевски и босанскиот интернационалец Емир Крајиниќ, а под договор останува и Андреј Андоноски.

Ad
Ad