Connect with us

Кошарка

Хезоња се враќа во НБА

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња кариерата ќе ја продолжи во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.

Според инсајдерот на „Соло“, Чема де Лукас, Хезоња го известил Реал Мадрид дека ќе игра во странство следната година.

Договорот на Хезоња со шпанскиот клуб е до 2029 година, но вклучува клаузула за трансфер доколку добија поволна понуда од странство. Оваа клаузула истекува на 20 јули, па денес играчот го известил клубот дека има намера да ја активира.

Откупната сума на Хезоња ќе биде стандардна 850.000 долари.

Хезоња беше водечки играч за Реал Мадрид минатата сезона. Тој го водеше тимот до финалето на Евролигата, со просек од 13,3 поени, 4,1 скока и 2,4 асистенции за 23 минути по натпревар.

Хрватот беше петтиот избор на НБА драфтот во 2015 година. Тој одигра 330 НБА натпревари за Орландо, Њујорк и Портланд, со просек од 6,9 поени и 3,1 скока за 18,5 минути по натпревар.

Ad
Ad