Connect with us

Формула 1

Леклер: Мислев дека Верстапен е лоша личност, а и тој го мислеше истото за мене

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, објасни како неговиот став кон возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, се променил низ годините.

– И двајцата созреавме низ годините, но животот многу се промени. Искрено мислев дека е лоша личност, а тој го мислеше исто за мене. Растењето нè научи дека луѓето се сосема различни надвор од патеката – и тоа целосно го промени нашиот однос, рече Леклер во интервју за „Скај Спорт Италија“.

Дваесет и осумгодишниот Верстапен е четирикратен шампион во Формула 1 (2021, 2022, 2023, 2024), а 28-годишниот Леклер е второпласиран во 2022 година.

Во пласманот на возачи во 2026 година, Моначанецот е четврти со 108 поени. Холанѓанецот има 76 поени и е седми

Ad
Ad