Фудбал
Тери незадоволен што не доби шанса привремено да го води Челзи по оставката на Мареска
Поранешниот фудбалер на Челзи, Џон Тери, изрази разочарување што не доби шанса да го води Челзи.
Во јануари 2026 година, лондонските сини го отпуштија Енцо Марсека, по што Калум Мекфарлан, кој го водеше тимот на Челзи до 21 година, стана привремен менаџер за два натпревара.
Пирс Морган сугерираше дека Тери можеби сметал дека е „скоро навредливо што избрале некого толку несоодветен, толку непрофесионален, толку чуден, наместо некој како Џон, со оглед на неговото искуство и фактот дека има сина крв“.
– Пирс, апсолутно си во право. Никогаш не помислив дека би можел да бидам менаџер на Челзи. Но, кога менаџерот е отпуштен и Челзи бара привремен менаџер, немаше никој поквалификуван од мене, без разлика дали во академијата или на тренинг-теренот на првиот тим. Дури и за еден или два натпревара. Никој не беше толку посветен на Челзи како мене. Дали мислам дека ја заслужувам работата на менаџер на Челзи на долг рок? Не. Бидејќи Челзи е многу поголем од мене. Ако сакам да го постигнам тоа, треба да се потрудам да стигнам до работата во Челзи, изјави Тери.
Челзи официјално го назначи Чаби Алонсо за нов тренер на клубот. Шпанецот потпиша четиригодишен договор што стапи на сила на 1 јули.
јуни 24, 2026

