Фудбал
Бразилски репрезентативец прави трансфер во Интер Мајами
Бразилскиот репрезентативец ја напушта Европа и прави трансфер во САД. Касемиро по завршувањето на Мундијалот ќе го носи дресот на Интер Мајами, откако договорот со Манчестер Јунајтед му истече.
Трансферот е очекуван особено што и додека беше член на Манчестер Јунајтед во последната сезона често беше поврзуван со трансфер во екипата каде настапува Лионел Меси.
Касемиро би требало да биде соодветна замена за Бускетс, кој замина во пензија односно вистинско засилување за екипата на Дејвид Бекам.
јуни 20, 2026

