Фудбал
СП 2026: Селекторот на Мексико сака влез меѓу десетте најдобри репрезентации
Репрезентацијата на домаќинот Мексико е првата која обезбеди пласман во следната фаза на Светското првенство и тоа како првопласирана од групата А. По победата над Јужна Кореја со 1:0 Мексико со шест бодови е сигурно на првото место.
– Вистина е дека покажавме зрелост. Денес бевме многу потрпеливи, не пасивни, туку трпеливи. Јужна Кореја е многу цврста екипа. Се чувствуваше кој и направи грешка, ќе го изгуби натпреварот. За жал за нив, нивниот голман ја направи таа грешка. Мислам дека беше многу тактички натпревар, не најубав за уживање за навивачите, кои беа неверојатни. Честитки и благодарност до навивачите. Во моментов мора да ги натераме нашите аналитичари да работат, да ги следиме натпреварите и да почнеме да проценуваме кој би можел да ни биде противник. Во 2002 година во Кореја и Јапонија завршивме на 11-то место. Сега сакаме да го подобриме тоа. ФИФА моментално нè рангира на 13-то место во светот и сакам да инсистирам на моите играчи дека можеме да влеземе во првите 10 во светот. Тоа би било нешто многу посебно за нас, изјави селекторот на Мексико Хавиер Агире на прес конференцијата по дуелот со Јужна Кореја.
Во последното трето коло од групата Мексико за противник ја има селекцијата на Чешка, натпреварот се игра во Мексико Сити на 25.јуни.
јуни 19, 2026


