Фудбал
Силва го наследи Мурињо во Бенфика
Португалскиот фудбалски гигант Бенфика го назначи денеска Марко Силва за нов тренер.
Силва потпиша двегодишен договор со Бенфика, со можност за продолжување на соработката за уште една година.
Изминатата деценија, Силва беше тренер на англиските клубови Хал, Ватфорд, Евертон и Фулам.
Четириесетидеветгодишниот португалски стратег во Бенфика доаѓа на местото на својот сонародник Жозе Мурињо, кој во новата сезона ќе го предводи мадридски Реал.



