Connect with us

Тенис

Федерер се враќа на Ју Ес Опен на ревијален настан

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер ќе настапи на ревијален натпревар за време на овогодишното издание на Ју Ес Опен, враќајќи се на турнирот каде испиша историја.

Американската тениска асоцијација (USTA) објави дека на 25 август, Федерер ќе учествува во програмата насловена „Roger Federer: An Icon Returns to New York“, а ќе му се придружат поранешните асови Енди Родик, Џон Мекинро и Андре Агаси.

Федерер е единствениот тенисер во историјата кој освои пет последователни титули на грен слем турнирот во Њујорк, доминирајќи од 2004 до 2008 година.

Последен пат настапи на терените во Њујорк во 2019 година.

„Многу незаборавни моменти од мојата кариера се случија во Њујорк, а теренот „Артур Еш“ има посебно место во моето срце. Ми недостигаше таа атмосфера и неверојатната енергија што навивачите ја носат на Ју Ес Опен секоја година“, рече Федерер.

Неколку денови по ревијалниот настан, Федерер официјално ќе биде примен во Тениската куќа на славните. Церемонијата ќе се одржи на 29 август во Њупорт.

Ad
Ad