Connect with us

Фудбал

Брахим Дијаз останува во Реал до 2031

Мароканскиот фудбалски репрезентативец Брахим Дијаз го продолжи договорот со Реал Мадрид до 30 јуни 2031 година, објави денеска Кралскиот клуб.

Брахим му се приклучи на Реал Мадрид во 2019 година како 19-годишник и за шест сезони во клубот одигра 173 натпревари и освои седум титули: една титула во Лигата на шампиони, една титула на Светското клупско првенство, еден Суперкуп на УЕФА, две титули во шпанската Ла Лига и два трофеи во Суперкупот на Шпанија.

Досега одигра 36 натпревари за мароканската репрезентација, постигнувајќи 15 голови.

Дијаз беше најдобар стрелец на Африканскиот куп на нации во 2025 година.

Ad
Ad