Општини
Почнува пријавувањето за трката „Крали Марко трејл 2027“
Организаторот на 14. издание трката „Крали Марко трејл“ за денес во 11 часот го закажа почетокот на пријавувањето од страна на заинтересираните натпреварувачи.
На програмата има ултра трка од 56 километри покрај досегашните должини од 39 км, 23 км и 12 км, исто и се планира детска трка.
Трката ќе се одржи на 7 март 2027. Местата се ограничени на 350 натпреварувачи, а брзата пријава има промотивната цена и важи сè додека не се распродадат местата за ран период.
Трката се одржува во заштитеното подрачје „Маркови Кули“, споменик на природата од 2006 година и локалитет на привремената листа на УНЕСКО.
-Огромни карпи и камени столбови обликувани од ветрот, водата и времето, ендемични растенија, остатоци од тврдина и манастири: малку трки можат да понудат ваква уникатна, вонземска сцена за трчање. 14-тото издание „Krali Marko Trails“ останува трка со душа, а сега и со нова енергија. Ултрата се враќа, детската трка е на пат, а на стартот се добредојдени и најискусните и оние што за прв пат ќе се пробаатвели Дејан Крле, директор на трката.
Организаторите се грижат местото да остане онакво какво што е, со помалку отпад и подарок силиконски чаши за повеќекратна употреба.
ноември 9, 2026


