Connect with us

Свет

Болсонаро тврди дека полицијата му побарала да ги предаде пасошите

Бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро денеска изјави дека федералната полиција на Бразил побарала од него да ги предаде пасошите по посетата на неговиот татко, поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа во затвор.

Сенаторот, кој вчера во вториот круг од претседателските избори загуби од актуелниот претседател Луис Инасио Лула да Силва, рече дека има намера да ја исполни полициската наредба и дека не планира да ја напушти земјата по изборите.

Флавио Болсонаро тврди дека полициската наредба се заснова на одлука на судијата на Врховниот суд, Александри де Мораес.

„Ми беше наредено буквално на улица да ги предадам пасошите и ми беше забрането да ја напуштам земјата“, рече Болсонаро во видеообраќање објавено на социјалните мрежи.

Тој додаде дека одлуката на судијата е поради изјавата на неговиот помлад брат Едуардо Болсонаро, кој минатата недела во подкаст речедека Флавио треба да ја напушти земјата доколку ги загуби изборите.

Ad
Ad