Connect with us

Свет

Бил Гејтс се приклучи кон повиците за подобра регулација на вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција бара регулација што далеку ги надминува рамките на саморегулацијата, изјави синоќа коосновачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, повикувајќи го американскиот Конгрес да донесе законски прописи по однос тоа прашање.

„Креаторите на политиките не треба да имаат друг избор освен да се вклучат во дебатата за неопходните заштитни мерки и надзор“, изјави Гејтс за американската телевизиска мрежа „Ен-Би-Си“.

Во последните недели се интензивираше дебатата за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција, откако извршниот директор на компанијата „Антропик“, Дарио Амодеи, повика на забавување на развојот на моделите на вештачка интелигенција.

Неговиот повик го поддржаа шефот на компанијата „ИксАИ“, Илон Маск, и извршниот директор на „ОпенАИ“, Сем Алтман.

Покрај повиците за ограничување на развојот, и други предупредувања поврзани со вештачката интелигенција го ублажија ентузијазмот што ја следи таа нова технолошка револуција што се огледува во стотици милијарди долари инвестирани во областа.