Култура
На 23 ФАД „Стоби 2026“ Гран при за „Лисистрата“ на Народно позориште од Зрењанин, Србија
Жири комисијата на 23. Фестивал на античка драма „Стоби 2026“ во состав Весна Димитрова Бобевски, Кети Борисова и Пеце Ристовски донесе одлука највисоката награда Гран при за најдобра престава на Фестивалот на античка драма „Стоби 2026“ да ја добие „Лисистрата“ во изведба на актерите од Народно позориште „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Србија.
Наградата за најдобра женска улога на фестивалот ќе ја добие актерката Јелена Жугиќ, а за најдобра машка улога Александар Степанулески. Наградата за режија му припадна на режисерот Дејан Пројковски. Наградите ќе им бидат врачени вечерва од 20 часот на сцената на Тетарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес на свеченото затворање на Фестивалот. Во нивна чест потоа ќе биде одиграна претставата „Сите прекраси нешта“ на Народниот театар од Штип.
Инаку синоќа на големата сцена на Тетарот во Велес беше одиграна претставата „Лисистрата“ од Народно позриште „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин Србија која кај бројната публика изнуди долг и силен аплауз и уште повеќе ја поттикна да танцува со нив. Потоа некои од публиката продолжија да играат 15 минути со актерите на сцена што за нив беше вистинско доживување, а за актерите доказ дека претставата била успешна.
Во изјавата за МИА, режисерот на претставата Никола Завишиќ рече дека е задоволен од реакциите на публиката која ги наградила со силен аплауз и танцувала со нив по изведбата. Воедно се потсети дека на ИФАД „Стоби“ првпат настапиле во 2013 година и тоа на отврена сцена во амфитеатарот во археолошиот локалитет Стоби исто така со претстава од Аристофан, „Жени во народното собрание“.
-Многу ми се допаѓа овој Театар во Велес и посебно сцената која е многу пријатна за играње. Имавме можност тука со нашата претстава „Лисистрата“ да уживаме и заедно со велешката публика- потенцира Завишиќ.
Тој појасни дека оваа античка претстава е извонредно жива и актуелна благодарение на нивниот преведувач Радмила Цица Шалабалиќ која проблемот со античкиот текст со досаден монотон и старомоден превод го преработила на еден модерен и прилагодлив текст. Аристофан бил многу ласцивен-безобразен активен и често нечисто духовит така што тој неговиот будалест, ласцвен и политички некоректен хумор нашите класични преведувачи се плашеа да ги фатат тие грди зборови, додека Радмила Цица Шалабалиќ која е извонредна жена, интелектуалец, преведувач и професор на класични науки, успеа сето тоа да го среди во еден модерен и прифатлив текст. Инаку таа досега има преведено само две Аристофани драми: „Жаби“ и „Лисистрата“.
-Таа се фати во судир тој јазик да оживее и затоа тој јазик на сцена нам денес ни звучи толку блиску и добро. Таа успеа да ја поврзе таа нишка на античката драма со денешното време и тој јазик е многу вешто фатен благдарение на извонредниот преведувач. За темата на војната, ние постојано сме пред некои војни ако не сме ги преживеале треба да ги преживееме. Третата Светска војна на сите страни ѕвони дали ќе биде или нема. Почнувајќи од Аристофан е тој очаен повик состојбите да се средат од 30-годишната Пелопонеска војна која го уништила неговиот полис-град Атина. Како една паралела и ние денеска сме исцрпени од една политика посебно од големите сили и како последица од тоа малку поинаку се распореди моменталната политичка сила во светот. Воедно постои и постојано претечка војна поради потполно бесмислени причини каде за жал луѓето наместо да си помагаат се уништуваат едни со други. Оваа престава е еден очаен Аристофаен повик каде со сексуалниот штрајк на жените успеал да предизвика мир во стара Грција. Тоа е еден апсурден и тажно комичен ефект, нешто што во суштина нема некоја надеж, а тој мир нема надеж бидејќи откако постои човекот на овој свет, постојано е во некоја војна некој против некого војува од непознати причини, очигледно само заради моќ и наметнување на своја волја, појасни режисерот Завишиќ.
Актерот Стефан Јуемин во изјавата за МИА, информира дека за првпат е во Велес и многу му се допаднал,п осебно салата и велешката публика.
-Многу ми е мило што гледам толку многу публика во театар. Тие не наградија со силен аплауз и посебно мие мило што се храбри да излезат на сцена и да играат со нас. Многу ми се допадна што тие две енергии – оваа наша актерска од сцената и онаа од публиката се споија и тоа е најголемата вредност на оваа претстава, потенцира актерот Стефан.
Актерката Уна Ѓелошевиќ оцени дека театарот во Велес и сцената се прекрасни.
-Му благодарам на директорот на театарот во Велес што не покани на фестивалот. Што се однесува до публиката прекрасно е што немавме никаква јазична бариера со неа. Иако публиката се разбуди во вториот дел од претставата и кога се навестуваа подобри повесели сцени, тогаш увидовме како публиката радосно и гласно се смее. И на крај сето тоа резултира со таа конекција меѓу нас актерите и публиката до танцување и една журка-забава што продолжи со 15 минутно танцување на актерите и публиката на сцена. Но, ние и покрај напорната сцена го издржавме тоа и бевме среќни што бевме заедно, што ни е потврда за успехот на нашата претстава, потенцира актерката Ѓелошевиќ.
Појасни дека за оваа претстава сите 12 актери како екипа напорно се подготвувале два месеци со секојдневни дупли проби и така дошле до овој успех, на претставата која премиерно ја извеле на матичната сцена во мај годинава.
септември 25, 2026
