Connect with us

Фудбал

Арсенал планира да го потпише Ендрик од Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ендрик, би можел да се приклучи на Арсенал во зимскиот преоден рок, објави „TEAMtalk“.

Претставници на 20-годишниот напаѓач планираат да се сретнат со раководството на Реал Мадрид за време на репрезентативната пауза за да разговараат за неговата иднина.

Арсенал изрази интерес за играчот во текот на летото, но тренерот на „Кралевите“, Жозе Мурињо, одби да му дозволи на Бразилецот да се пресели во Лондон.

Ендрик му се придружи на Реал Мадрид во летото 2024 година. Минатата сезона ја помина на позајмица во Лион, постигнувајќи осум гоа и исто толку асистенции.

На почетокот на сезоната 2026/27, Бразилецот закрепнуваше од повреда. Овој месец има одиграно само четири минути на еден натпревар за Реал Мадрид.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 40 милиони евра. Договорот на Ендрик со Реал важи до 30 јуни 2030 година.