Connect with us

Фудбал

Тренерот на Борусија Менхенгладбах поднесе оставка

Тренерот на германскиот прволигаш Борусија Менхенгладбах, Еуген Полански, поднесе денеска оставка на должноста, ден по високиот бундеслигашки пораз од 0-5 од Фрајбург.

Четириесетгодишниот Полански седна на клупа на Борусија пред точно една година.

Германските медиуми тврдат дека Јан-Мориц Лихте, кој пристигна во клубот од Манчестер Сити ова лето, привремено ќе ја преземе тренерската должност.

Борусија Менхенгладбах е без освоен бод по трите воведни кола во Бундеслигата, а истото се случи и минатата сезона, кога клубот се раздели со тренерот Жерар Сеоане по само три натпревари.

Негов наследник на клупата беше токму Полански.