Connect with us

Фудбал

Ренџерс го елиминираше Селтик во шкотскиот Лига куп, Миовски влезе во завршницата

Фудбалерите на Ренџерс го совладаа попладнево големиот ривал Селтик во четвртфиналето од шкотскиот Лига куп со 3-0, а македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ги одигра завршните минути од натпреварот во победничкиот тим.

Ренџерс дојде во водство со колот на Нил во 23 минута и со предност од 1-0 замина на полувреме.

Келси во 59 минута ја зголеми предноста на 2-0, а точка на убедливиот триумф на Ренџерс во Глазговското дерби стави Нил со својот втор гол на натпреварот во 75 минута.

Миовски влезе на теренот од клупата за резерви во 87 минута, идентично како и на претходниот натпревар кога му донесе победа на Ренџерс со гол во судиското продолжение во премиерлигашкиот дуел против Сент Мирен на домашен терен.