Connect with us

Свет

Протест во Даблин против посетата на Доналд Трамп на Ирска

Голем број граѓани денеска излегоа во центарот на Даблин за да го изразат своето незадоволство и противење од посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Ирска, организирајќи протестен марш кој започна од Градината на сеќавањето.

Демонстрантите маршираа низ ирската престолнина носејќи бројни транспаренти и знамиња, извикувајќи: „Доналде Трамп, слушаш ли? Не те сакаме овде“.

Според информациите на „Скај њуз“ и „Гардијан“, на транспарентите беа истакнати пораки како: „Сите те мразат“, „Да го направиме лажењето повторно погрешно“, „Нема добредојде за Трамп, припадник на класата на Епстајн, расист кој овозможува геноцид и негира климатски промени“, „Американска војско, излези од Ирска“, „Не на тираните, не на диктаторите, не на Трамп“ и „Штрајк против класата на милијардери“.

Ирска анти Трамп протест (ЕПА)

За време на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин одржана претходно денеска, Трамп го минимизираше значењето на собирот, велејќи им на новинарите: „Не видов никакви протести“.