Connect with us

Фудбал

Алфаро останува на клупата на Парагвај до 2030

Аргентинецот Густаво Алфаро ќе остане селектор на Парагвај до Светското првенство во 2030 година, објави Фудбалската федерација на оваа јужноамериканска држава.

По пауза од 16 години, Парагвај под водство на Алфаро настапи на Светското првенство ова лето на кое беше поразен од Франција во осминафиналето.

„Одиме кон 2030 година!“ напиша претседател на Парагвајската фудбалска федерација (APF), Роберт Харисон на Инстаграм, илустрирајќи ја објавата со фотографија на која 64-годишниот Алфаро позира со националниот дрес на кој е отпечатена годината 2030 на следното Светско првенство.

Парагвај ќе биде домаќин на еден натпревар од групната фаза на Светското првенство 2030, кое ќе биде јубилејно издание еден век по премиерниот мундијалски турнир во 1930 година.

По еден натпревар во групната фаза ќе се игра и во Аргентина и Уругвај, додека СП2030 заедно ќе го организираат Шпанија, Мароко и Португалија.