Хроника
Татко пријавен за напад врз 19-годишниот син и туркање по скали, момчето завршило со тешки телесни повреди
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Струмица во текот на вчерашниот ден во струмичко село лишиле од слобода 51-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 1 август на тераса од семејниот дом, физички го нападнал неговиот 19-годишен син и го турнал по скали, кој притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во струмичкиот Медицински центар.
Како што денеска соопштија од Министерството за внатрешни работи, лицето било задржано во Полициската станица – Струмица.
- За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираа од МВР.

