Connect with us

Хроника

Куршум оштетил „БМВ“ паркиран во двор во липковското село Опае

Четириесет и двегодишен жител на село Опае, општина Липково, пријавил дека неговото патничко возило „БМВ“, паркирано во дворно место, било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје. Вчера,  во 21:50 часот во Полициското одделение Матејче, Н.А. (42) од село Опае пријавил дека неговото возило „БМВ“, кое било паркирано во неговиот двор, било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје.

Од СВР Куманово информираат дека увид на местото извршила екипа на полицијата, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.