Хроника
Скопјанец замолил машко лице да му помогне да извади пари, по што лицето насилно ги зело и избегало
Во Секторот за внатрешни работи – Скопје вчера во 18 часот било пријавено дека 35-годишен скопјанец, околу 17 часот на подрачјето на Центар, замолил едно машко лице да му помогне да извади пари од банкомат, но, откако ги извадиле, лицето со употреба на сила ги земало парите и се дало во бегство.
Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
август 7, 2026
